Линкови за пристапност

Меѓународна загриженост за нападите во Сирија


Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, вели дека во најновите воздушни нападите во источниот дел на државата од неделата, наваму, загинале најмалку 250 лица

Сириските активисти јавија за смртоносни провладини воздушни напади во Гаута, предградие на Дамаск, кое е под контрола на бунтовниците.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, вели дека во нападите од неделата, наваму, загинале најмалку 250 лица, предизвикувајќи загриженост за хуманитарна криза.

Источна Гаута е последното упориште на бунтовниците во близина на главниот град на Сирија, а во меѓувреме, насилството предизвика меѓународна загриженост.

„Ги повикуваме сите страни да се заложат за безусловна деескалација на насилството. Русија мора да ја прекине поддршката за режимот на Асад и неговите сојузници. Тие се одговорни за нападите на лошата ситуација во источниот дел на Гаута и за ужасниот број на цивилни жртви“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нуерт.

Турските војници вчера принудија повлекување на провладините сили упатени кон регионот Африн, курдска област каде што турските војници веќе водат едномесечна офанзива.

Сириските државните медиуми пренесуваа снимки од конвојот од околу 20 оклопни возила коишто влегувале во Африн од селото Нубул.

Турција ја започна својата офанзива на 20-ти јануари за да ја ослободи областа од курдските сили.

Турската влада ги смета овие борци за терористи поради нивната поврзаност со забранетите курдски бунтовници кои се борат на територијата на Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG