Сириската опсерваторија за човекови права, соопшти дека во Сирија е извршен воздушен напад врз резиндецијална област под контрола на бунтовниците, во кој загинале најмалку 35 лица, а биле повредени преку 10, вклучувајќи и деца.
Организацијата со седиште во Велика Британија, додаде дека нападите биле насочени кон селото Зардана во северозападната провинција Идлиб.
Воздушни напади во Идлиб се невообичаени последниве неколку месеци.
Десетици илјади Сиријци, раселени од други делови на земјата, нашле живеалиште во во овој дел на земјата.
Нападите биле насочени кон селото Зардана во северозападната провинција Идлиб
Facebook Forum