Линкови за пристапност

Сирија повторно негира употреба на хемиско оружје


Сирискиот претседател наводите ги нарече „100 процентна измислица“

Сирискиот претседател Башар Ал Асад наводите дека во минатонеделните напади бил употребен хемиски гас ги нарече „100 процентна измислица“.

Во интервју за новинската агенција Франс прес (AFP), Асад кажа дека сириската армија го предала сето хемиско оружје.

„Имаме впечаток дека Западот, главно САД, се поврзани со терористите. Ја измислија целата приказна, за да имаат изговор за нападот“, кажа тој.

САД извршија напад врз сириска воздухопловна база, од кaде се верувало Сирија го извршила хемискиот напад.

Американски претставници рекоа дека армијата нападнала цивили во провинцијата Идлиб, во кој загинаа најмалку 100 лица, вклучувајќи и жени и деца.

Претходно, Советот за национална безбедност објави извештај во кој употребата на забранетото хемиско оружје, ја нарече „неприфатлива“ и јасна закана за светот. Советот ги обвини Сирија и Русија за обид „да ја збуни светската јавност за тоа кој употребил хемиско оружје против сирискиот народ“, и сега, и претходно.

Вчера Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, во која сирискиот диктатор Башар Ал Асад се осудува за смртоносниот хемиски напад.

Целта на нацрт-резолуцијата е осуда на нападот со хемиски гас и зајакнување на меѓународната истрага за тоа што точно се случило.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG