Линкови за пристапност

Група за човекови права тврди дека Ал Асад извел уште еден напад со гас


Групата тврди дека сирискиот претседател наредил напад со гасот хлор врз три села.

Сириската група за заштита на човековите права – Мрежа за човекови права ја обвинува владата на претседателот Башар Ал Асад за нови напади со токсичниот гас хлор.

Според групата, во четвртокот едно лице загинало, а преку 60 се повредени кога владините хелихоптери врз најмалку три локации, исфлиле специјални бомби полни со гасот.

Сириската група за човекови права преку својот профил на Твитер соопшти дека бомбите биле исфрлени врз три села во северозападниот дел на земјата. Притоа била погодена и болница.

Претседателот Асад на неколкупати е обвинет за користење на хемиско оружје врз цивили и борци коишто се обидувале да ја соборат неговата влада.

По грозоморниот напад со сарин во 2013-та врз област под контрола на бунтовниците, Асад се согласи да ги уништи залихите и објектите за хемиско оружје.

Но хлорот не беше вклучен како дел од хемиското оружје што треба да биде уништено, бидејќи се користи и за цивилни потреби.

XS
SM
MD
LG