Линкови за пристапност

ОН ја предупредуваат сириската влада и бунтовниците за воени злосторства во Алепо


Владините сили се обидуваат да ја преземат контролата на областите во источниот дел на градот од рацете на бунтовниците, по што беше прекинат пристапот за храна и хуманитарна помош.

ОН ја предупредуваат сириската влада и бунтовничките сили дека можно е да бидат обвинети за воени злосторства во сирискиот град Алепо.

Владините сили се обидуваат да ја преземат контролата на областите во источниот дел на градот од рацете на бунтовниците, по што беше прекинат пристапот за храна и хуманитарна помош. Ова се случува во време на воздушни напади врз бунтовничките упоришта.

Како одговор, бунтовничките сили се обидуваат да ја прекинат опсадата со тоа што ги интензивираат нападите во западниот дел на Алепо, под контрола на сириската влада. Како резултат, расте бројот на цивилни жртви.

Според ОН, само во изминативе неколку дена загинале преку 40 лица, а многумина се повредени.

XS
SM
MD
LG