Линкови за пристапност

Хуманитарна помош за сириски градови


Државниот секретар Џон Кери изјави дека САД вршат притисок до сите страни да овозможат пристап за достава на хуманитарна помош до Мадаја.

Меѓународниот Црвен крст соопшти дека заедничкиот напор за достава на итно потребната помош до сирискиот град Мадаја, во близина на границата со Либан, е комплетиран.

Портпаролот Шавел Крзсиек преку Твитер кажа дека дополнителна помош ќе следи во наредните неколку дена.

Мадаја е под контрола на бунтовниците и со месеци провладините сили го блокираа градот со околу 42.000 жители кои последен пат добиле помош во храна во октомври. ОН и други хуманитарни агенции соопштија дека луѓе умирале од прегладнетост. Според претставник на ОН, 400 лица се соочуваат со смрт доколку итно не бидат евакуирани и не им биде укажана медицинска помош.

Сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари изјави дека неговата влада соработува со доставата на помош, но порекна дека постои глад во Мадаја. Тој додаде дека има погрешни информации за ситуацијата во градот како и тоа дека дел од помошта била украдена од како што ги нарече, вооружени терористички групи.

Државниот секретар Џон Кери изјави дека САД вршат притисок до сите страни да овозможат пристап за достава на хуманитарна помош до Мадаја.

Амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер изјави дека доставата на помош до Мадаја не е ни оддалеку доволна и ја подвлече важноста Сирија да дозволи пристап за помош на сите на коишто им е потребна.

ОН велат дека на 13,5 милиони луѓе им е потребна итна помош во Сирија. Земјата ја напуштиле преку 4 милиони лица, а други 6,6 милиони се внатрешно раселени. Во конфликтот којшто започна во март досега загинале преку 250.000 лица.

XS
SM
MD
LG