Меѓународните донатори ќе ветат 4,4 милијарди долари хуманитрана помош за Сирија и соседите земји, коишто годинава обезбедиле засолниште за бегалците, изјави виш претставник на ОН.
Сепак, ова е значително помалку од преку 7-те милијарди коишто светската организација ги бараше претходно.
Марк Ловкок од Канцеларијата за координација и хуманитарни прашања при ОН, ова го изјави за време на меѓународната донаторска конференција во Брисел.
Тој додаде дека за 2019-та година се очекува дополнително ветување од 3,3 милијарди долари.
Facebook Forum