Портпаролот на Анан кажа дека сирискиот одговор од вторникот дошол во писмо до пратеникот на ОН и Арапската лига.
Анан се сретнал со кинески претставници во вторник во Пекинг, вклучително и со премиерот Вен Џиабао, во време кога Кина вети поддршка на неговите посреднички напори.
Планот ги повикува сириските владини сили и бунтовниците да се согласат на примирје и да се ангажираат во дијалог. Нацртот, одобрен од Советот за безбедност на ОН, не ги вклучува западните или арапските барања претседателот Башар ал-Асад да даде оставка – барање на кое Русија и Кина се спротивставуваат.
Американскиот Заменик советник за национална безбедност, Бен Роудс, во вторник кажа дека постои основна стуктура за да се разговара со Русија и Кина што можат тие да сторат да го поддржат Анан.