Соопштението вели дека Сирија ќе се соочи со „натамошни чекори“ доколку мировниот предлог на Анан во шест точки биде одбиен. Планот повикува на примирје, политички дијалог меѓу владата и опозицијата, и приод до агенциите за хуманитарна помош.
Известувачот за Гласот на Америка од ОН во Њујорк вели дека 15-члениот совет вклучувајќи ги Русија и Кина се согласиле на изјавата со консензус во 10 часот утринава по локално време, еден час откако истекол рокот за потенцијални приговори на јазикот.
Изјавата изразува „најголема загриженост“ за влошувањето на ситуацијата во Сирија и вели дека таа резултирала во „сериозна криза на човековите права и неприфатлива хуманитарна ситуација“. Исто така се вели дека дава „целосна поддршка“ на напорите на Анан да донесе моментален прекин на сето насилство и прекршување на човековите права во Сирија.