Линкови за пристапност

Средба на арапските министри за надворешни работи и Русија за Сирија


Официјални лица на Кувајт велат дека арапските министри за надворешни работи ќе се сретнат следната недела со рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров да разговараат закризата во Сирија, каде во среда безбедносните сили извршија копнен напад врз опколениот град Хомс.

Во четврток официјалните претставници кажаа дека средбата ќе се одржи на 7 март во саудискиот главен град Ријад.

Русија и Кина два пати ставија вето на резолуции на Советот за безбедност на ОН што требаше да ја осуди сириската влада за смртоносното задушување на речиси една година долгото востание на опозицијата.

Американскиот Стејт департмент во среда го повика високиот дипломат на Сирија во Вашингтон да изрази силно несогласување со владиното бомбардирањена Хомс.

Активисти кажаа дека борбите во среда ја инволвирале елитната сириска Четврта оклопна дивизија и бунтовничката Слободна сириска армија во непосредна близина на населбите Баба Амр и ал-Иншаат.

Сириски официјален претставник вети дека Баба Амр ќе биде „исчистена“ во рок од неколку часа. Но активист во дистриктот за Гласот на Америка преку Скајп кажа дека бунтовничките линии не се поместени.

Кофи Анан, новоименуваниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, кажа дека наскоро ќе патува за Сирија да изврши притисок врз Претседателот Башар ал-Асад да се ангажира во дијалог со опозицијата.

На заедничка прес-конференција со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Њујорк тој кажа дека жали што Сирија не им дозволила на хуманитарните работници приод до заробените цивили.

Поранешниот шеф на ОН ќе ја започне својата прва посета на регионот како пратеник за Сирија со разговори со шефот на Арапската лига Набил Елараби во Каиро.

Исто така во среда американската државна секретарка Хилари Клинтон на комисија на Претставничкиот дом кажа дека Асад добива помош од други во регионот.

ОН велат дека повеќе од 7.500 лица се убиени од почетокот на востанието минатиот март. Сириските официјални лица за востанието обвинуваат „терористи“ помогнати од странство, кои, како што вели владата, убиле повеќе од 2.000 припадници на персоналот за обезбедување.

XS
SM
MD
LG