Линкови за пристапност

Клинтон: Асад ќе плати голема цена за кршење на човековите права


Клинтон: Асад ќе плати голема цена за кршење на човековите права

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе плати „голема цена“ за кршење на правата на сирискиот народ и игнорирање на меѓународната волја во врска со прогонување на опозицијата.

Клинтон се сретна со претставници на над 70 држави и меѓународни организации во петок во Тунис во уште еден обид за прекин на крвопролевањето во Сирија што остави илјадници мртви во антивладини демонстрации.

Групата западни и арапски држави се собраа во главниот град Тунис да бараат ветување од сириските власти дека веднаш ќе го запрат насилството и дека ќе дозволат доставување на странска хуманитарна помош во тешкопогодените области во рок од неколку дена.

Стотици поддржувачи на Асад се обидоа да влезат со сила во хотелот каде се среќаваат „Пријателите на Сирија“. Обезбедувањето се судри со толпата кога оваа сакала да упадне на локацијата.

XS
SM
MD
LG