Американскиот Оддел за правда ја обвинува најстарата швајцарска банка за наводно помагање на муштериите да сокријат повеќе од 1,2 милијарди од американските собирачи на даноци.
Американските власти исто така заплениле над 16 милиони долари актива на банката Wegelin на американска сметка.
Во обвинението исто така стои дека Wegelin привлекол муштерии од друга швајцарска банка, UBS, кога оваа институција се согласила да престане да ги крие сметките во 2008.
Ако се утврди дека е виновна, банката Wegelin може да биде казнета со најмалку 500.000 долари. Тројца вработени во Wegelin кои ги советувале муштериите исто така се обвинети. Секој од нив е соочен со со казна од 250.000 и до пет години затвор.
Ова е прв пат САД формално да обвинат странска банка за помагање американски штедачи да избегнуваат даноци.
Претседателот Барак Обама вети дека ќе застане на пат на американски граѓани и корпорации кои користат странски сметки за избегнување даноци. Тој вели дека избегнувањето даноци на тие пари ја чинат државата милијарди долари приход годишно.