Линкови за пристапност

Сензор дава информации за здравјето преку пот


Лицето ја носи направата додека вежба, а податоците потоа се испраќаат на „паметниот“ телефон

Со се` поголемата популарност на мерачите на физичката издржливост, истажувачите изработуваат сензор којшто може да даде информација за здравствената состојба на лицето, и тоа преку потта.

Според студија објавена во журналот „Природа“, научниците од Универзитетот на Калифорнија, Беркли, изработиле „флексибилен сензор“ којшто ги мери метаболитите и електролитите во потта. Воедно, може да ја мери и температурата на кожата и сите податоци преку бежичен Интернет може да ги испрати до „паметниот“ телефон.

„Човечката пот содржи физиолошки богата информација и во таква ситуација ваквите сензори се покажуваат како мошне корисни“, изјави раководителот на студијата Али Џавеј, професор по електро инженеринг и комјутерски науки при Универзитетот на Калифорнија, Беркли.

„Сепак, потта е сложена течност и важно е да се вршат различни мерења за да се добие разумна информација за Вашата здравствена состојба“.

Добиените податоци може да го откријат нивото на замор, нивото на хидрација и телесната температура.

Дополнително, сензорот може да го мери нивото на шеќер и лактат во метаболитите, како и тоа колкаво е нивото на содиум и потасиум во електролитите.

„Да се има ваков сензор е навистина неверојатно бидејќи метаболитите и електролитите добиени преку направата, се од особена важност за здравјето и добросостојбата на секој поединец“, вели Џорџ Брукс, професор по интегративна биологија на Беркли и ко-автор на студијата. „Кога ги проучуваме ефектите што физичката активност ги има врз човековата психологија, вообичаено правиме крвна слика. Со оваа неинвазивна технологија, можно е еден ден да ја знаеме психолошката состојба на тоа лице, без да употребуваме игли“.

Научниците најавуваат дека во иднина оваа направа ќе биде уште помала, а ќе се зголеми и бројот на нештата мерливи преку пот.

„Исто така, сензорот можно е да се оспособи и на мерење на виталните нивоа на метаболити и електролити кај здравите лица за време на нивните секојдневни активности, не само кога вежбаат“, вели Брукс. „Воедно, може да се адаптира и за мониторинг на други течности од човечкото тело за лицата коишто се или болни или повредени.

XS
SM
MD
LG