Линкови за пристапност

Светските предизвици и дезинформациите во фокус на економскиот форум во Давос


FILE - Participants are seen during a session of the annual World Economic Forum in Davos, Switzerland, Jan. 17, 2023. The Alpine resort will host this year's World Economic Forum from Jan. 15 through Jan. 19, 2024.
FILE - Participants are seen during a session of the annual World Economic Forum in Davos, Switzerland, Jan. 17, 2023. The Alpine resort will host this year's World Economic Forum from Jan. 15 through Jan. 19, 2024.

Повеќе од шеесет светски лидери се приклучуваат на стотиците бизнисмени во швајцарскиот ски-центар Давос на петдневниот годишен состанок на Светскиот економски форум, кој започнува денеска. Известува Хенри Риџвел.

Делегатите кои се собираат во Давос на годишниот состанок на Светскиот економски форум се соочени со застрашувачки опсег на глобални предизвици ... влошување на конфликтите, на климатските промени; слаба глобална економија; страв од вештачката интелигенција; напади врз комерцијалните бродови во Црвеното Море.

Во својот извештај, организаторите на Самитот наведоа дека дезинформацијата е најголемиот краткорочен ризик.

Почнува Давос, дезинформациите во фокус на економскиот форум
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

„Потенцијалното влијание врз изборите ширум светот во следните две години е значајно, а тоа може да го доведе во прашање легитимитетот на избраните влади. Може да ги загрози демократските процеси кои водат до натамошна социјална поларизација, немири, штрајкови или дури и внатредржавно насилство“, вели Каролина Клинт од „Консултантски услуги за ризик“.

Самитот се одржува во кога во светот има две големи војни во Украина и во Газа.

Израелскиот претседател Исак Херцог, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кинескиот премиер Ли Кианг и американскиот државниот секретар Ентони Блинкен, се на листата на функционери кои треба да се во Давос.

Заедно со политичките лидери ќе бидат стотици најмоќни извршни директори во светот. Критичарите велат дека нивното богатство се зголемило - додека милијарди стануваат посиромашни.

„Во светот луѓето се соочуваат со тешкотии. Во исто време има неколку кои се наоѓаат на врвот. А некои од нив ќе бидат во Давос. Тоа е простор за дијалог, за важни дискусии, дури и за повикување на одговорност од политичките и деловните лидери. Затоа учествуваат организации како Оксфам. Но, тоа исто така не е меѓународен и демократски простор во кој се носат транспарентни, одговорни одлуки“, додава Набил Ахмед од „Oxfam International“.

Организаторите на самитот велат дека е од витално значење да се соберат политичките и деловните лидери за да се најдат решенија за безброј предизвици во светот.

XS
SM
MD
LG