Линкови за пристапност

Светскиот поредок, Блискиот исток и улогите на САД, Кина и Русија


Со интензивирањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас, а регионот тлее поради експлозијата во болница во Газа, способноста на Вашингтон да спречи поширока војна станува се посложена. Известува Синди Сејн

Сложена задача на САД за спречување поширока војна
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:55 0:00

Претседателот Џо Бајден беше срдечно прифатен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата, додека тој беше во голема воена посета за да ја покаже солидарноста на САД по бруталните напади на 7-ми октомври од милитантите на Хамас врз израелските цивили.

Но, експлозијата во која загинаа стотици Палестинци во болница во Газа, спречи таква прегратка од палестинскиот претседател Махмуд Абас или јорданскиот крал Абдула, кои ги откажаа планираните средби со Бајден. И Израел и Хамас негираат дека се одговорни за експлозијата во болницата.

Во Израел, Бајден го убедуваше Нетанјаху да дозволи меѓународна хуманитарна помош за да им помогне на 2,2 милиони жители на Газа кои имаат очајна потреба од храна, вода и гориво, притискајќи коридорите да се отворат во петокот.

"Израел се согласи дека хуманитарната помош може да започне да се движи од Египет во Газа”, рече Бајден.

Демонстрантите излегоа на улиците во Истанбул и во многу други градови низ светот за поддршка на Палестинците и против израелските напади врз Газа.

Некои демонстранти, исто така, изразија бес кон САД за поддршката на Израел, и покрај интензивната шатл-дипломатија на државниот секретар Антони Блинкен, кој се состана со арапските лидери од целиот регион.

Додека Блинкен и Бајден беа во посета на Блискиот Исток, рускиот претседател Владимир Путин беше пречекан во Пекинг од кинескиот лидер Шји Џинпинг.

Рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Кина, Ши Џинпинг се сретнаа на форумот „Појас и пат“ во Пекинг
Рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Кина, Ши Џинпинг се сретнаа на форумот „Појас и пат“ во Пекинг

Обраќајќи се на конфликтот меѓу Израел и Хамас, Путин рече дека зголемениот број светски конфликти ги зајакнува врските меѓу Москва и Пекинг. Русија и Кина одбија да ги осудат нападите на Хамас врз израелските цивили.

Еден експерт за Гласот на Америка изјави дека оваа криза покажала дека САД сега се единствената суперсила на Блискиот Исток.

“Тоа е единствената велесила која има вистински воени средства. И тоа не се само средства што ќе му ги даде на Израел во конфликтот. Тоа се двата носачи на авиони во источниот Медитеран. Тоа се безбедносните односи со Јордан, со Египет, со Саудиска Арабија со околните земји, а дипломатскиот опсег е да се прават разговори и активности во кои сте виделе дека се занимаваат секретарот Блинкен и претседателот”, смета Мајкл Кимаџ, професор на Католичкиот универзитет во Америка

Русија и Кина работат заедно за да го нарушат глобалниот поредок воспоставен по Втората светска војна, изјави поранешниот заменик советник за национална безбедност Метју Потингер за Гласот на Америка.

“И сега, кога Шји е домаќин на Владимир Путин во Пекинг, тоа е продолжение на ова продлабочено партнерство да се обиде да поттикне хаос во Европа, да поттикне хаос на Блискиот Исток, за на крајот да се обиде да предизвика хаос токму во предниот двор на Кина”, е ставот на Потингер.

Но, друг експерт за Гласот на Америка изјави дека за разлика од Русија, интересите на Кина на Блискиот Исток можеби се повеќе во согласност со американските.

“Мислам дека интересот на Кина за Блискиот Исток не е за поголема војна и нестабилност бидејќи тие се уште повеќе зависни од енергетските ресурси во регионот“, вели Брајан Катулис од Институтот за Блискиот Исток.

Катулис рече дека одлуката на палестинските и египетските лидери да не се сретнат со Бајден толку брзо по експлозијата во болницата не е нужно знак дека не се подготвени да соработуваат со САД, туку дека се чувствителни на реакциите на сопствените улици.

XS
SM
MD
LG