Линкови за пристапност

Светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин годинава ќе го отвори Охридско лето


Охридско лето, најавена богата музичка и драмска програма
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Охридско лето, најавена богата музичка и драмска програма

Во предворјето на црквата Света Софија во Охрид ќе се одржат дел од настаните на годинешното 64 издание на фестивалот Охридско лето. На Античкиот театар и годинава повторно ќе биде отварањето на фестивалот со настапот на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин.

„Еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација.Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарлт на Македонската филхармонија, кој годинава слават 80 години јубилеј“, рече Наташа Поповиќ-директорка на Охридско лето.

Од Охридско лето најавуваат богата музичка и драмска програма.

„Ќе започнам со македонските изведувачи на кои сум особено горда секоја година, бидејки не заостануваат по квалитет во однос на светските музичари кои доаѓаат на фестивалот. Влатко Стефановски на гитара, оваа година одбележува 50 години од неговата кариера. На последниот ден од музичката програма ќе ја слушнеме врвната белгиска виолинчелистка Камито Ма. Оваа година очекуваме уште едно усшено издание на Охридско лето, со концерти исполнети со многу публика“, рече Бисера Чадловска-селекторка на музичкиот дел на Охридско лето.

„Овогодинешното издание на Охридско лето ќе донесе една разновидна театарска авантура. Најзастапени ќе бидат женските ликови со нивните моќни и трогателни приказни и нивната комплексна разноликост во играта. Она што ќе ја одбележи театарската програма се трите театарски премиери, од кои два се домашни театари, а едната е светска премиера на театарска компанија од Калифорнија. Тоа е претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, а во изведба на Ворлд театар од САД“, рече Сања Арсовска- селекторка на драмскиот дел на Охридско лето.

Охрид и годинава 40 дена ќе пулсира во духот на фестивалот. Почнува на 12 јули, а завршува на 20 август. Ќе настапат повеќе од 500 уметници од 24 држави од целиот свет. По две години пауза, годинава се враќаат и руските уметници, скромно со настапот на рускиот пијанист Андреј Гугнин,

XS
SM
MD
LG