Линкови за пристапност

Светската програма за храна ја запре дистрибуцијата во северен Јемен поради ограничените средства


Светската програма за храна во вторникот соопшти дека ја прекинала општата дистрибуција на храна во северен Јемен поради ограниченото финансирање и несогласувањето со локалните власти околу тоа како да се фокусираат на најсиромашните таму.

Регионите на Сана и северниот дел на Јемен се под контрола на групата Хути, поврзана со Иран, која е во војна од 2014 година со владата поддржана од Саудиска Арабија која е со седиште во јужниот пристанишен град Аден.

Борбите се намалија во последните две години, олеснувајќи ја она што Обединетите нации го опишаа како најтешката хуманитарна криза во светот. Сепак, милиони сè уште се потпираат на директна хуманитарна помош.

Светската програма за храна рече дека одлуката е донесена во консултација со донаторите и доаѓа по една година преговори и не е постигнат договор за намалување на бројот на услужени лица на 6,5 милиони од 9,5 милиони.

Залихите на храна во областите под управата на Хутите се речиси исцрпени, а продолжувањето на помошта со храна може да потрае и до четири месеци поради нарушување на синџирот на снабдување, се вели во соопштението на агенцијата на ОН.

Светската програма за храна веќе ги намали оброците во Јемен од 2022 година поради критичните празнини во финансирањето и глобалната инфлација што следеше по руската инвазија на Украина.

Агенцијата соопшти дека ќе продолжи со други програми, вклучително и програми за исхрана и хранење во училиштата за да се ограничи влијанието на одлуката.

„Општата дистрибуција на храна ќе продолжи со фокус на најпотребните во областите контролирани од владата поддржана од Саудиска Арабија“, се вели во извештајот.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG