СКОПЈЕ – Северна Македонија ќе има најмал економски раст наредниот период во регионот на Западен Балкан, стои во извештајот на Светска банка кој беше презентиран денес. Проекциите на Светска банка не се оптимистички па затоа се изразува и загриженост за буџетскиот дефицит, здравството и образованието и корупцијата.
Оваа година според Светска банка, Северна Македонија ќе заврши со раст од само 1,8 отсто наместо проектираните 2,5 отсто напролет. Намалувањето се должи бидејќи нема реализација на Коридорите 8 и 10Д но и проблеми во енергетиката.
„Ако се сеќавате проекцијата беше 2, 5 проценти и надежта беше дека двата автопати ќе започнат, но сега сме на средината на октомври така што немаме многу време има одредени структурни прашања со процесот на јавни инвестиции тие се многу бавни, а во случајот со Северна Македонија многу повеќе време толку што би се очекувало. Цените на храната повторно се зголемуваат. Постои проблем и со хидрологијата што се рефлектира во енергетскиот сектор. Германија е во рецесија, а 40 отсто од извозот на Северна Македонија е во Германија“, изјави Сања Маџаревиќ – Шустер од Светска банка.
Предвидувањата на Светска банка се дека инфлацијата во периодот кој следи ќе се намалува и во 2026 година ќе биде 2 проценти.
Но буџетскиот дефицит останува висок и за тоа предупредуваат експертите на Светска Банка. Годинава бележи зголемување на рекордни 63,5 отсто за во 2025 година да се намали незначително на 62,8 отсто од БДП. Влијание има и унгарскиот заем, кој ќе изнесува вкупно една милијарда евра, сметаат од Светска банка.
„Ризикот во моментов е доста голем и е директно поврзан со фискалната состојба што значи високи дефицит односно продолжениот период на висок дефицит и релативно големото ниво на долг и тоа е особено случај кога ќе ја споредите Северна Македонија со другите земји во регионот. Иако, пред 6 до 7 години земјава беше релативно малку задолжена со релативно стабилни финансии ова веќе не е случај“, вели Маџаревиќ - Шустер.
Еден од клучните проблеми е иселувањето а извештајот вели дека секој четврти жител го напуштил Западен или околу пет милиони граѓани. Корупцијата, образованието и здравството се уште се клучни проблеми и причина за иселувањето и затоа од Светска банка сугерираат на Владата да се фокусира на подобрување на здравствените услугите во овие два сектори но образованието, корупцијата.
Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции.
Со најголем економски раст ќе бидат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија па Босна и Херцеговина.
Facebook Forum