Светот низ фотографии
4 март, 2025 година.

1
Спасувачите ги евакуираат луѓето со помош на гумен чамец по поплавите во Џакарта, Индонезија.

2
Состојбата на терен по напад на руско беспилотно летало во Одеса, Украина.

3
Новинарите го гледаат преносот во живо додека пратениците на опозицијата фрлаат димни бомби парламентот, во Белград, Србија.

4
Демонстрант се судри со полицијата додека поддржувачите на поранешниот претседател на Перу Педро Кастиљо протестираат пред казнено-поправниот центар каде што тој се наоѓа, на денот на почетокот на неговото судење за обвиненијата за бунт и други престапи против државата, во Лима.