Светот низ фотографии
28 февруари, 2025 година.

1
Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Украина Володимир Зеленски се сретнаа во Овалната соба во Белата куќа. Зеленски и Трамп отворено се судрија на средбата на која требаше да потпишат договор за споделување на рудните богатства на Украина.

2
Лесли и Џон Хертвек му оддаваат почит на нивниот син, ветеранот на американскиот марински корпус и волонтер борбен лекар во Украина, Итан Хертвек, за време на комеморацијата на Плоштадот на независноста, во Киев, Украина.

3
Службеник за безбедност го проверува местото на настанот по експлозија на бомба во Квета, Пакистан.

4
Фотографија од папата Фрањо е проектирана на статуата на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, Бразил, на 27 февруари 2025 година.