Светот низ фотографии
21 ноември, 2024 година

1
Пожар беснее во зграда погодена од израелски воздушен напад, чија цел беше населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, Либан.

2
Активистите држат ролна хартија со имињата на жртвите од конфликтот меѓу Израел и Хамас додека активист држи говор за време на „Народниот пленум“ на конференцијата за климатски промени на Обединетите нации КОП29, во Баку, Азербејџан.

3
Сликата објавена од Одделот за јавна одбрана на Државниот полициски комесар во Исланд покажува лава и чад како избиваат од вулкан во близина на Гриндавик на исландскиот полуостров Рејкјанес.

4
Српските пратеници Мариника Тепиќ и Борислав Новаковиќ и другите претставници на опозицијата се препираат со полицајците за време на протестот поради фаталното уривање на покрив на железничка станица, барајќи одговорните за катастрофата да бидат изведени пред суд во Нови Сад.