Светот низ фотографии
18 октомври, 2024 година

1
Демонстрантите, главно поддржувачи на Хутите, држат плакати на кои е прикажан починатиот лидер на Хамас Јахја Синвар за време на собирот за да му покажат поддршка на либанскиот Хезболах и Палестинците во Појасот Газа, во Сана, Јемен.

2
На операта во Сиднеј се прикажуваат фотографии од британскиот крал Чарлс и кралицата Камила веднаш по нивното пристигнување во Сиднеј, Австралија.

3
Членовите на персоналот ставија плочки со имиња на подот за семејната фотографија од „Квад состанок“ што го одржаа германската канцеларка, претседателот на САД, францускиот претседател и британскиот премиер во Канцеларијата во Берлин.

4
Едно лице гласа за време на предвремено гласање на избирачко место во Блек Маунтин, Северна Каролина.