Светот низ фотографии

1
Папата Франциско претседава со светата миса на Националниот стадион во Сингапур.

2
На овваа фотографија направена и објавена од Националната полиција на Украина се гледаат запалени камиони на Меѓународниот комитет на Црвениот крст по артилериско гранатирање во регионот на Доњецк.

3
Вработените од погребниот салон го носат ковчегот на покојниот поранешен претседател на Перу Алберто Фуџимори пред Министерството за култура во Лима. Фуџимори, кој управуваше со својата земја со железна тупаница, а потоа помина 16 години во затвор за злосторства против човештвото, почина на 11 септември 2024 година, на 86-годишна возраст во главниот град.

4
Осум ѕвона на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам де Париз пристигнуваат во центарот на Париз, помалку од три месеци пред повторното отворање на катедралата.