Светот низ фотографии
15 август, 2024 година.
1
Поддржувачите на претседателот на Шри Ланка и претседателски кандидат на Обединетата национална партија, Ранил Викремесинге (кој не е на фотографијата) навиваат додека тој ја напушта канцеларијата на Изборната комисија по поднесувањето на документите за номинација за претстојните претседателски избори, во Коломбо, Шри Ланка.
2
Ранет украински војник допира слики од неговите паднати соборци на Меморијалниот ѕид на паднатите бранители на Украина во Киев, среде руската инвазија на Украина.
3
Шестнеделното бебе, нилскиот коњ „Тони“, именувано по германскиот национален фудбалер Антонио Рудигер, е фотографирано со неговата мајка Деби, во зоолошката градина во Берлин, Германија.
4
Индискиот премиер Нарендра Моди се среќава со деца од училишна возраст на одбележување на Денот на независноста на земјата, во Црвената тврдина во Њу Делхи.