Светот низ фотографии
21 мај, 2024 година.
1
Студенти протестираат против конфликтот меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, на почетокот на дипломската церемонијата на Универзитетот Јеил во Њу Хевен, Конектикат.
2
Спасувачкиот тим носи тело по падот на хеликоптерот во кој се превезувал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, во Варзакан, провинцијата Источен Азербејџан. (Стрингер/ВАНА (Новинска агенција за Западна Азија))
3
Аџиите палат свеќи во црквата Росио за време на годишниот аџилак во селото Ел Росио, Шпанија.
4
Товарниот брод Дали се извлекува од водите откако беше препловен во Балтимор, Мериленд. Бродот на 26 март удри во мостот Френсис Скот Ки, по што мостот падна.