Светот низ фотографии
4 април, 2024 година.

1
Семејствата и поддржувачите на заложниците, киднапирани за време на смртоносниот напад на Израел на 7 октомври од страна на палестинската исламистичка група Хамас, бојадисуваат со жолта боја на стакло за време на демонстрациите во Кнесетот, израелскиот парламент во Ерусалим.

2
Луѓето го носат телото на еден од странските работници од Светската централна кујна, кои беа убиени во израелски воздушен напад, пред да бидат пренесени кај нивните семејства, во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

3
Оштетена зграда по земјотресот во Хуалиен, Тајван.

4
Туристи од Швајцарија гледаат во виолетовата вода на езерцето Гипсбрхвајхер во Фисен, јужна Германија. Овој феномен е предизвикан од виолетови бактерии, кои се безопасни, но ја менуваат бојата на водата за време на нивното цветање.