Светот низ фотографии
29 јануари, 2024 година.
![Италијанецот Јаник Синер им потпишува автограми на навивачите по победата во финалето против Русинот Даниил Медведев на тенискиот шампионат на Австралија опен во Мелбурн Парк, во Мелбурн.](https://gdb.voanews.com/01000000-0aff-0242-8b52-08dc202be5fe_w1024_q10_s.jpg)
1
Италијанецот Јаник Синер им потпишува автограми на навивачите по победата во финалето против Русинот Даниил Медведев на тенискиот шампионат на Австралија опен во Мелбурн Парк, во Мелбурн.
![Пакистанската полиција употреби солзавец за да ги растера приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан и на политичката партија Пакистан Техрик-е-Инсаф за време на предизборниот митинг во Карачи.](https://gdb.voanews.com/01000000-0aff-0242-1459-08dc202be037_w1024_q10_s.jpg)
2
Пакистанската полиција употреби солзавец за да ги растера приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан и на политичката партија Пакистан Техрик-е-Инсаф за време на предизборниот митинг во Карачи.
![Палестинците носат вреќи со брашно што ги грабнале од камион со помош во близина на израелски контролен пункт додека жителите на Газа се соочуваат со кризни нивоа на глад, во услови на тековен конфликт меѓу Израел и Хамас, во градот Газа, 27 јануари 2024 година.](https://gdb.voanews.com/01000000-c0a8-0242-ed0b-08dc202be830_w1024_q10_s.jpg)
3
Палестинците носат вреќи со брашно што ги грабнале од камион со помош во близина на израелски контролен пункт додека жителите на Газа се соочуваат со кризни нивоа на глад, во услови на тековен конфликт меѓу Израел и Хамас, во градот Газа, 27 јануари 2024 година.
![Оваа слика преземена од снимка на AFPTV покажува двајца еколошки активисти од колективот наречен „Riposte Alimentaire“ како фрлаат супа врз сликата „Мона Лиза“ на Леонардо Да Винчи, во музејот Лувр во Париз.](https://gdb.voanews.com/01000000-0aff-0242-fec6-08dc1ff7b7f0_w1024_q10_s.jpg)
4
Оваа слика преземена од снимка на AFPTV покажува двајца еколошки активисти од колективот наречен „Riposte Alimentaire“ како фрлаат супа врз сликата „Мона Лиза“ на Леонардо Да Винчи, во музејот Лувр во Париз.