Светот низ фотографии
8 декември, 2023 година.

1
Празни шини пред централната железничка станица во Франкфурт, Германија. Синдикатот што ги застапува германските машиновозачи ги повика своите членови на 24 часа штрајк, поради спор околу платата и работното време.

2
Маж ја проверува штетата во складиштето за нафта погодено од неодамнешното гранатирање во Доњецк, Украина под руска контрола.

3
Самоодна артилериска хаубица на израелската армија пука од позиција во близина на границата со Појасот Газа во јужен Израел среде битките меѓу Израел и Хамас.

4
Палестинците евакуираа ранета жена по израелските воздушни напади во бегалскиот камп Кан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа.