Светот низ фотографии
28 август, 2023 година

1
Човек поминува покрај уништена куќа по ракетен напад во регионот Киев, Украина.

2
Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен слави по победата за време на трката за Големата награда во Формула 1 на тркачката патека Зандворт, во Зандворт, Холандија.

3
Израелците учествуваат на демонстрациите против премиерот Бенјамин Нетанјаху и судската ревизија на неговата националистичка коалициска влада, во Тел Авив, 26 август 2023 година.

4
Натпреварувач учествува на Светското првенство во нуркање во мочуриште кое се одржува во Ваен Рид, Ланвртид Велс, Велс.