5 април 2023
Светот низ фотографии

5
Винар поминува покрај свеќи наредени во лозјата каде температурата се спуштила под нула целзиусови степени во Сен Емилион, југозападна Франција.

6
Израелската полиција уапси една Палестинка во комплексот на џамијата Ал Акса по рацијата на локацијата во Стариот град Ерусалим за време на светиот муслимански месец Рамазан. Палестинските медиуми објавија дека полицијата ги нападнала палестинските верници, зголемувајќи ги стравувањата од поширока тензија бидејќи исламските и еврејските празници се преклопуваат.

7
Селаните гледаат во мртов кит кој бил насукан на плажата Је Малет, во Клунгкунг, Индонезија.

8
Младите будистички монаси играат меѓу молитвите во манастирот Таванг во градот Таванг во североисточната индиска држава Аруначал Прадеш.