Во САД влегува во мода поинаков метод на учење музика. Петгодишната Хана Меи Стири, на пример, почнала со часови по виолина пред две години. Нејзината професорка Стефани Флек вели дека најпрво се почнува од едноставни мелодии за мали деца, лесни за слушање, по што следат пропратните елементи како начинот на држење на виолината, како изгледа поклонувањето по настап и слично.
Мајката на Хана Меи, Џуди Стири вели дека е презадоволна од напредокот на нејзината ќерка.
„Мислам дека е одлично, и` се допаѓа програмата, секогаш си потпевнува по часовите“, вели таа.
Ова не е за изненадување за Флек, своевремено ученичка на методот „Сузуки.“
Сега, нејзината ќерка Шенон е на понапредно ниво. Вели дека сака класична музика.
„Сузуки“ методот бил основан пред 50 години од јапонскиот виолинист Шиничи Сузуки. Тој верувал дека сите деца треба да научат да свират. Неговиот метод подоцна бил адаптиран и на други инструменти.
Ронда Кол станала една од првите професори на Сузуки во САД пред 40 години. Таа потенцира дека учењето на децата да свират е инспиративно.
Постепено, децата учат да читаат музички ноти, а потоа да изведуваат сложени мелодии.
Методот обесхрабрува компетитивност меѓу учесниците, а поттикнува на заеднички изведби, вклучувајќи ги и јавните настапи.
Што се однесува до родителите на овие дечиња, дури и да немаат музичка наобразба, од нив се очекува да обезбедат поддршка и да ги и охрабрат своите деца во иницијативата.