Линкови за пристапност

Трамп пред Клинтон според продажба на сувенири


Трамп пред Клинтон според продажба на сувенири
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Предметите со ликот на Трамп се купуваат речиси двапати повеќе од оние со Клинтон, и најверојатно тој ќе победи во ваква трка, се шегуваат продавачите во сувенирниците низ Вашингтон

Претседателската трка во САД се води и зад камерите и очите на јавноста - Хилари Клинтон и Доналд Трамп се натпреваруваат и во тоа кој повеќе се продава на маици и на чашки во продавниците.

Овде рејтингот го мерат продавачите, натрупани со дребулии во знакот на двајцата кандидати.

Најпопуларна продавница е „Америка“, и се наоѓа на неколку локации во Вашингтон. Деновиве лесно е препознатлива оти на самиот влез ве пречекува постер со ликовите на Клинтон и на Трамп, со голем натпис „bobble heads”.

Слично е и внтаре. Претседателските кандидати ги има на отворачи за шишиња, на капи, на детска облека, топки, накит…

Францис Ривас, вработена во продавницата, вели дека пред официјалните номинации, продажбата на сувенири со ликот на Трамп води пред онаа на Килинтон.

„Предметите со Трамп се барани повеќе. Тие се купуваат речиси двапати повеќе од оние на Клинтон. Најверојатно тој ќе победи, но се` уште не е дефинитивно“, вели Ривас.

Таа открива дека најбаран сувенир со Трамп е тоалетна хартија, додека Клинтон ја бараат прикажана со мускули на рацете.

„Многу луѓе ги купуваат предметите со Трамп, не знам дали со позитивна или негативна намера, но најчесто бараат тоалетна хартија, куклата „bobble heads”, како и отворачи на кои изгледа дека Трамп вреска“, открива таа.

Голем интерес имало и за доларите, вели Францис, кои најчесто се купувале како роденденски подарок.

Трамп го има на доларот од 2016-та година, а ликот на Клинтон е на долар од 2008-та, во „вредност“ од нула центи.

Продажбата на претседателските украси е интересна и за децата. Еве што вели малата Џесика Вилс.

“Најдобар претседател би бил Абрахам Линколн”.

Во игра се` уште е и Тед Круз, чии производи почнале да се продаваат откако добиле 30 проценти попуст, по неговото испаѓање од трката.

XS
SM
MD
LG