Боливија ја критикуваше Австрија за пренасочување на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес под сомнение дека во него се наоѓал Едвард Сноуден по кого САД имаат издадено потерница поради обвиненија за шпионажа.
Претставникот на Боливија во ОН ја обвини Австрија за „киднапирање“ на Моралес и за потклекнување на американскиот притисок.
На боливискиот лидер денеска му било дозволено да замине во својата земја, откако во Виена мина 12 часа, додека австриските власти го пребаруваа авионот.
Инцидентот се случи додека авионот во кој се наоѓал Моралес бил упатен кон Боливија од Москва. Сноуден, поранешниот договорен соработник во американската Агенција за национална безбедност се верува дека се наоѓал во меѓународниот транзитен дел на аеродромот Шереметјево откако пред повеќе од една недела заминал од Хонгконг.
Моралес изјавил дека ќе го разгледа барањето за азил на Сноуден доколку биде поднесено.
Боливискиот Министер за надворешни работи сомневањата дека Сноуден бил во авионот ги нарече „огромна лага“ и кажа дека принудувањето на авионот да се приземји во Австрија го става во ризик животот на боливискиот претседател.
Шансите за азил на Сноуден се намалуваат. Претставници на неколку од најмалку 19 држави што ги имал предвид се изјасниле дека тој не може да бара азил додека не се наоѓа физички на нивна територија.