Поранешен комјутерски техничар на ЦИА, кој работел како договорен соработник за Агенцијата за национална безбедност, објави дека е изворот на новинските извештаи во кои се наведува дека американската влада ги набљудува телефонските разговори и користењето на Интернет.
29-годишниот Едвард Сноуден изјави дека ги контактирал британскиот весник Гардијан и американскиот Вашингтон пост, кои минатата недела објавија извештаи за случајот.
Сноуден, кој во моментов се наоѓа во Хонконг, вели дека нема да се крие бидејќи инсистира дека не сторил ништо лошо. Тој кажа дека бил свесен за големиот ризик што го презема со обелоденувањето на програмата за набљудување на телефонските повици и онаа за пребарување по Интернет, создадени од американската влада за следење на терористичките закани.
Сноуден за Вашингтон пост изјави дека планира да побара азил во која и да е земја која, како што наведува, верува во слободата на говор и глобално почитување на приватноста.
Американски официјални лица не ги порекнуваат медиумските извештаи, но истакнуваат дека програмата не е креирана за прислушкување на телефонските разговори, како и дека собраните податоци спречиле неколку терористички заговори.
Владиниот Оддел за правда соопшти дека започнал кривична истрага за протекувањето на информации, но не даде детали.