Линкови за пристапност

Британија: Постапивме согласно контратерористичките овластувања


Остри реакции откако во Лондон бил уапсен и испрашуван партнерот на новинар кој објави информации за Сноуден.

Британските власти денес наидоа на бројни прашања откако ги употребија контратерористичките овластувања за да го притворат бразилскиот партнер на новинар кој објави информации за поранешниот работник под договор на американското разузнавање, Едвард Сноуден.

Давид Миранда, кој живее со Глен Гринвалд, американски новинар кој работи за британскиот весник Гардијан, на лондонскито аеродром Хитроу бил задржен цели девет часа. Се враќал во Рио де Жанеиро од Берлин.

Гринвалд подоцна изјави дека на Миранда не му било дозволено да повика адвокат и дека властите му го одзеле комјутерот, мобилниот телефон и други технонолошки направи за кои се верува дека содржат документи поврзани со истрагата на Гринвалд во работата на американската програма за набљудување.

Британскиот законодавец Кит Ваз изјави дека бара објаснување од полиција за оваа акција.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест кажа дека британските власти ги известиле своите американски колеги за планот пред да го уапсат Миранда. Ернест сепак додаде дека американските надлежни органи не побарале од властите во Британија да го испрашуваат Миранда и не биле вклучени во процесот.
XS
SM
MD
LG