Линкови за пристапност

Животни лекции: Како да се фати совршениот бран

Авторот Патер Хелер на 48 години решил дека е време да го оствари она за кое долго сонувал - заминал на шестмесечно патување да научи сурфање, но се вратил со многу повеќе научено.

Многу години, авантуристичкиот писател Патер Хелер имал таен сон: да остави се` за да замине во тропски рај каде ќе научи да јава на бранови. Кога негов пријател се преселил во Хантингтон Бич, во Калифорнија, гратче на брегот на Пацификот познато по прекарот Surf City USA, знаел дека е време да го живее својот сон.

Се нашол во сурферска заедница и помислил „Овде би можел и да научам да сурфам!“

Овој жител на Денвер купил даска и костим за нуркање и решил да започне со шестмесечно сурферско патување од Јужна Калифорнија надолу до брегот на Мексико. Резултатот од таа авантура го забележал во неговата книга „Kook“.

Тој објаснува дека „кook“ значи тотален почетник, кој весла на својата даска кон други сурфери како да е на коктел забава, комплетно игнорирајќи ги сите прецизни протоколи на сурфањето што се развивани со децении. Тој испушта извици на триумф кога успеал да застане на даската за дел од секунда, паѓа на луѓе и се судира со други.

Но, Хелер вели дека со самиот факт што бил еден од тие почетници, му било овозможено да научи за сурфањето и за океанот.

Учењето имало цена. Во модринки, поткршени заби, изгорени уши, изгребани ребра и очи што печат. Но, за возврат, неговата сурферска авантура му помогнала да научи вредни лекции - за фаќањето на перфектниот бран во животот.

„Треба да сте сосема определени“, вели тој, „но во исто време да признаете дека дека тоа е поголемо од вас. Мора да имате верба дека се` ќе излезе добро. И, се работи за тоа да имате волја да бидете почетник, да имате волја да направите будала од себе понекогаш.“

Престојот на океанот го научил Хелер уште нешто. Да биде понизен.

„Веслате секое утро и морска желка може да плива таму, птици да нуркаат наоколу, може дури да видите перка на ајкула или делфин, и сфаќате дека сте само жител меѓу сите тие други видови. Не сте ни врвниот предатор таму! Вие може да сте храна за некого. Ми се допаѓа тоа. Ми се допаѓа наоѓањето на тоа мало место во светот што е непретенциозно. Тоа е лекцијата на која сакам да се потсетам секој ден; имаме еднакво право на глас со сите други видови на оваа планета“, вели Хелер.

Авантурата го одвела на другата страна на Пацифичкиот Океан, каде станал посвесен за некои сериозни прашања што се закана за светските океани.

Два месеци по почетокот на авантурата тој бил контактиран од луѓе кои го правеле филмот „The Cove“, што доби Оскар за документарец оваа година. Отишол со нив во заливче во Таиџи, Јапонија, каде биле масакрирани делфини и мали китови. Тој веслал на неговата даска во води што биле розеви од крв. Формирале еден вид сурферски круг, се држеле за раце, како на погребна церемонија за делфините што умираат. Оттаму се вратил потресен.

Хелер вели, не можете денес да одите на сурферско патување, а да не станете свесен за тоа што се случува со океаните.

Авторот Патер Хелер вели дека се надева оти лекциите што ги научил од сурфањето и кои се запишани во книгата „Kook“, ќе ги инспирира луѓето кои уживаат во летни активности на плажите низ светот да застанат, да размислат и да преземат акција за спасување на океаните.

XS
SM
MD
LG