Линкови за пристапност

Врховниот суд донесе одлука во корист на државното финансирање на верското образование


Судот се изјасни против одредбата на Монтана која предвидува забрана на јавно финансирање на верските училишта само заради нивниот религиозен карактер

Врховниот суд денеска донесе пресуда дека изземањето на верските училишта од државата Монтана од програмата за даночно кредитирање го крши Уставот на САД.

Пресудата е важна победа за застапниците за јавно финансирање на верските училишта, но е удар за противниците, како што се претставниците на наставничкиот синдикат кои велат дека ова може да доведе до неуспех на системот на јавните училишта.

Врховниот суд утврдил дека правилото во Монтана е дискриминирачко за верските училишта и семејствата чии деца се школуваат или се надеваат дека ќе се школуваат во нив


Пресудата, исто така значи победа за администрацијата на Трамп, која го покрена прашањето за верската слобода и застана на страната на три мајки кои ја оспорија забраната на Монтана од јавно финансирани средства да користат стипендии за религиско образование.

Со одлуката донесена со 5 наспрема 4 гласови, Врховниот суд утврдил дека правилото во Монтана е дискриминирачко за верските училишта и семејствата чии деца се школуваат или се надеваат дека ќе се школуваат во нив и ги прекршува верските слободи според Уставот на САД.

Сите пет конзервативни судии во судот, вклучувајќи го и главниот судија Џон Робертс, се приклучија на мислењето на мнозинството, додека четири либерални судии не се согласија со тоа. Робертс го напиша мислењето на мнозинството.

„Одредбата на Монтана им забранува јавно финансирање на верските училишта само заради нивниот религиозен карактер“, стои во објаснувањето. „Оваа одредба исто така им ги забранува јавните бенефиции на родителите кои сакаат да ги испраќаат своите деца во верско училиште, повторно само заради религиозниот карактер на училиштето“.

Првиот амандман на американскиот Устав забранува Конгресот да донесува закони со кои се забранува „слободно практикување“ на религијата. Државните устави имаат слични одредби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG