Линкови за пристапност

Американскиот врховен суд го отвори патот да продолжи извршувањето на смртни казни


Четворицата сојузни затвореници е предвидено да бидат егзекутирани во јули и август

Администрацијата на Трамп е предвидено да ги продолжи сојузните егзекуции за прв пат во 17 години откако американскиот Врховен суд одби да го сослуша правниот приговор од четворица осудени убијци.

Високиот суд одби да го слушне аргументот на затворениците дека федералните егзекуции мора да се придржуваат до протоколите што се користат во државите каде е предвидено погубувањето.

Последната сојузна егзекуција во САД се случи во 2003 година на ветеранот од воениот залив, Луис Џонс поради киднапирање и убиство на 19-годишен војник.


Одлуката го отвора патот за егзекуциите на федералните затвореници да продолжат уште на 13 јули.

Четворицата сојузни затвореници е предвидено да бидат егзекутирани во јули и август откако беа осудени за убиство на деца извршени пред децении.

Прв треба да биде егзекутиран затвореникот Даниел Луис Ли, кој беше осуден во 1999 година за убиство на едно трочлено семејство, вклучувајќи и осумгодишно девојче три години претходно.

Тројца други затвореници, меѓу кои и двајца осудени за силување и убиство на девојчиња, треба да бидат егзекутирани подоцна во јули и август.

Последната сојузна егзекуција во САД се случи во 2003 година на ветеранот од воениот залив, Луис Џонс поради киднапирање и убиство на 19-годишен војник.

Одделот за правда минатата година ги објави плановите за егзекуција на петмина сојузни затвореници откако Бирото за затвори усвои протокол за смртоносна инекција, користен од повеќе држави. Сепак, правните приговори ги одложија егзекуциите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG