Линкови за пристапност

Историска расправа на Американскиот Врховен суд: за прв пат се расправаше телефонски во живо


Десетици илјади луѓе ја искористиле досега невидената можност да слушаат

Историското пренесување во живо на усмена расправа на Врховниот суд по телефон помина без проблеми во понеделникот, поттикнувајќи нови повици до високиот суд да продолжи со ваква практика во корист на јавноста.

Сесијата траеше значително подолго од предвидените 60 минути, а со неа раководеше главниот судија Џон Робертс.

Сите девет судии се јавиле од дома за да поставуваат прашања.

Десетици илјади луѓе ја искористиле досега невидената можност да слушаат.

Бидејќи расправата се емитуваше во живо, многу луѓе реагираа во реално време на социјалните мрежи.


Случајот - правен спор околу тоа дали услугата за резервации преку Интернет може да го регистрира своето име како трговска марка - е првиот од 10-те за кои ќе се расправа по телефон и во живо овој месец откако судиите - пет од нив 65 годишни и постари - остануваат дома согласно со мерките за заштита од коронавирусот.

По очигледниот успех на првата сесија во живо се поздравува транспарентноста на судот и се повеќе има повици судот да го продолжи тоа дури и по завршувањето на пандемијата.

Покрај неколку ситни технички пречки, сесијата течеше без проблеми.

Досега, само неколку десетици луѓе можеа да ги следат во живо аргументите на Врховниот суд, бидејќи судот има околу 50 места наменети за јавноста и, во зависност од профилот на случајот, луѓето чекаа до пет дена пред судницата за да обезбедат место. Сепак, и покрај минималниот интерес на јавноста за самиот случај за Booking.com, десетици илјади луѓе слушаа, според Гејб Рот, извршен директор на адвокатската организација „Fix the Court“.

Бидејќи расправата се емитуваше во живо, многу луѓе реагираа во реално време на социјалните мрежи.

„Одлично е да може да се слуша во живо Врховниот суд на САД за прв пат досега!“, напиша во порака на Твитер едно лице.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG