Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД го поништи законот на Луизијана против абортус


Со ова судот ја потврди заложбата за правото на абортус и покрај жестокото спротивставување на конзервативните судии

Американскиот Врховен суд денеска го поништи законот на сојузната држава Луизијана со кој се регулираат клиниките кои вршат абортус, потврдувајќи ја заложбата за правото на абортус и покрај жестокото спротивставување и несогласување од страна на конзервативните судии во првиот голем случај кој се однесува на абортусот во мандатот на Трамп, пренесува Асошиетед прес.

Со законот од Луизијана се предвидуваше дека докторите кои вршат абортуси да мораат да бидат вработени во најблиските болници, со што практично се ограничуваа голем број од клиниките каде може да се изврши абортус.

Главниот судија Џон Робертс заедно со четворица либерални колеги пресудиле дека законот го прекршува правото на абортус првично воспоставено во историскиот случај пред Судот – „Ро против Вејд“ од 1973 година.

Законот на Луизијана е практично идентичен со оној во Тексас кој судот го поништи во 2016 година.

Судијата Кларенс Томас напиша: „Денес мнозинството на Судот ја овековечи својата неоснована јуриспруденција на абортусот со тоа што забранува совршено легитимен државен закон правејќи го тоа без надлежност“.

Конзервативците кои се залагаат за ограничување на абортусот беа охрабрени откако претседателот Доналд Трамп ги назначи двајцата конзервативни судии на Врховниот суд, Нил Горсух и Брет Кавана, за кои веруваа дека ќе им се придружат на тројца други конзервативци во судот за да ги поддржат ограничувањата на абортусот.

Нанси Нортуп, претседателка и извршна директорка на Центарот за репродуктивни права, рече дека денешната одлука во никој случај не значи крај на борбата за правото на абортус во законодавните тела и судовите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG