Линкови за пристапност

Обама номинираше заменик-јавен обвинител за Врховниот суд


Американскиот претседател Барак Обама ја номинираше Елена Каган, заменик-јавен обвинител, да го пополни местото во деветчлениот Врховен суд на САД

Американскиот претседател Барак Обама ја номинираше Елена Каган, заменик-јавен обвинител, да го пополни местото во деветчлениот Врховен суд на САД.

Обама ова го соопшти во понеделник, велејќи дека Каган нашироко се смета за еден од најистакнатите национални умови во правото.

Обама рече дека Каган ќе обезбеди иста возвишеност, независност, интегритет и пасија за правото како судијата Џон Пол Стивенс кој се пензионира и кого таа треба да го замени доколку биде потврдена.

Стивенс заминува во пензија на крајот на оваа сесија, во јуни.

Номинацијата треба да биде потврдена од американскиот Сенат.

Педесетгодишната Каган е поранешен декан на Правниот факултет на Универзитетот Харвард. Доколку биде потврдена таа ќе служи во Врховниот суд како четврта жена – по сегашната судијка Рут Бадер Гинсберг и Соња Сотомајор, како и по пензионираната судијка Сандра Деј О’Конор.

Претседателот Обама кажа дека сака да номинира независен ум, со посветеност на принципот на владеење на правото и со желба да разбере како правото влијае на секојдневните животи на Американците.

Новиот судија најверојатно не ја променал идеолошката рамнотежа на судот, каде во моментов се пет конзервативни членови. Судијата Стивенс често гласаше со либералното крило на судот.

XS
SM
MD
LG