Линкови за пристапност

Сведоци за и против судијката Барет денес ќе сведочат во Конгресот


Ова е последен ден сослушувања во Сенатската комисија за правосудство за потврда на номинацијата за Врховниот суд

Членови на Сенатската комисија за правосудство денес ќе сослушуваат сведоци кои се за и против номинацијата за Врховниот суд Ејми Кони Барет.

Демократите се очекува да се обидат да го одложат крајното гласање за потврда на Барет до 22 октомври. Гласањето во целиот Сенат, пак, би можело да се случи до крајот на крајот на месецот.

На вчерашното и завчерашното сослушување, Барет рече дека не би дозволила нејзините лични и религиозни погледи да бидат пресудни при одлучување за судските предмети.

Таа нагласи дека нема агенда и оти ќе го следи законот при носењето на одлуките.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG