Линкови за пристапност

Судијката на Врховниот суд на САД Рут Гинсбург повторно има рак


Таа рече дека добро ја поднесува терапијата, и оти се надева на позитивни резултати

Најстариот член на Врховниот суд Рут Гинсбург (87), денес објави дека ѝ се повратил ракот, и оти прима хемотерапија, објави Ројтерс.

Во соопштението од Врховниот суд, Гинсбург вели дека неодамнешната хоспитализација била поврзана со инфекција, а не со оваа дијагноза.

Гинсбург вели дека добро ја поднесува терапијата, и оти се надева на позитивни резултати.

„Често велам, би останала член на Врховниот суд се` додека можам да ја извршувам работата со полна енергија. Јас сум целосно способна да го правам тоа“, рече Гинсбург.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG