Врховниот суд на САД донесе одлука дека откривање на одредени локации преку следење на мобилен телефон, нема да може да се врши без да има налог за тоа.
Со 5 наспроти 4 гласа, Судот смета дека на владините агенции ќе им биде потребна дозвола, со цел да добијат податоци од телефонските оператори за движењето и локацијата на нивните корисници.
Ваквите податоци најчесто им се потребни на властите при спроведување криминална истрага
Проблемот во овој случај беше дали на властите им е потребен налог за да ги добијат овие информации.
Четвртиот амандман од Уставот на САД забранува „неосновани претреси и конфискации“.
„Четвртиот амандман ги штити не само правото на приватност, туку и одредени очекувања од приватноста“, вели Судот.
Facebook Forum