Линкови за пристапност

Дали Горсач ќе биде избран за врховен судија?


Во Сенатот денеска почна дводневен распит

Сенатот денеска ќе го одржи првиот распит за потврда на Нил Горсач, номиниран од претседателот Трамп на функцијата врховен судија.

Горсач и членовите на Сенатската комисија за судство имаа уводно излагање, по што ќе следи дводневна сесија на прашања и одговори.

Тој се очекува да го пополни испразнетото место во Врховниот суд, откако во февруари 2016-та година почина судијата Антонин Скалиа. Номинацијата за оваа функција од страна на поранешниот претседател Барак Обама, Мерик Гарланд не беше потврдена од Сенатот каде контролата ја имаат републиканците.

Доколку биде потврден, Горсач ќе го врати конзервативното мнозинство во судот - 5 наспрема 4, присутно пред смртта на Скалиа.

XS
SM
MD
LG