Линкови за пристапност

Животната средина и моќта на претседателот во САД


Случај пред Врховниот суд на САД има уставни импликации за ингеренциите на претседателот.

Деветчлениот Врховен суд е поделен судејќи според усните аргументи изнесени во понеделникот во случајот во врска со моќта на федералната влада за ограничување на емисијата на штетни гасови што се сметаат за причина за глобалното затоплување.

Се работи за тоа дали извршната власт, преку Агенцијата за заштита на животната средина, ги пречекорува своите овластувања со проширување на регулативата за емисијата на штетни гасови за да ги вклучи не само возилата туку и неподвижни изворикако централи и фабрики.

Шенон Гослинг од Југоисточна легална фондација што претставува бизнис групи и републикански законодавци кои се против напорите на администрацијата на Обама да ја прошири регулативата:

„Но што ќе биде подоцна кога ќе имате извршна гранка која ќе ја злоупотреби власта? Мора да имаме баланс и Врховниот суд на САД е последното место тоа да се задржи“.

Групи за заштита на средината и многу демократи ги поддржуваат напорите на Агенцијата за да се намали глобалното затоплување. Професорот на Американскиот универзитет Бил Снејп е од Вентарот за билошки диверзитет. Тој присуствуваше на усното аргументирање:

„Мислам дека повеќе е во залог од политички аспект заради перцепцијата дека претседателот на некој начин ги пречекорува своите областувања за што е многу загрижена десницата“.

Снејп вели дека голем број групи за заштита на животната средина внимателно го следат случајот пред Врховниот суд, заради политичките импликации.

Некои од либералните судии на високиот суд се чини дека се комотни со регулативниот приод на Агенцијата за време на расправата во понеделникот, додека некои конзервативни судии изгледаа поскептични.

Одлуката на Врховниот суд во случајот се очекува до крајот на јуни.
XS
SM
MD
LG