Линкови за пристапност

Врховниот суд го отфрли случајот на Трамп за блокирање на критиките на Твитер


Судот рече дека ништо не останува од овој случај откако Трамп бил трајно суспендиран од Твитер, и по завршувањето на неговиот претседателски мандат во јануари

Врховниот суд на САД денес го отфрли случајот за напорите на поранешниот претседател Доналд Трамп да ги блокира кртиките на неговиот личен профил на Твитер, објави Асошиетед прес.

Судот рече дека ништо не останува од овој случај откако Трамп бил трајно суспендиран од Твитер, и по завршувањето на неговиот претседателски мандат во јануари.

Твитер го забрани Трамп два дена по смртоносниот напад на Конгресот од страна на поддржувачите на Трамп.

Компанијата соопшти дека одлуката била донесена поради ризик од понатамошно поттикнување насилство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG