Линкови за пристапност

Почнаа конгресните сослушувања за потврда на номинацијата за Врховниот суд Ејми Кони Барет


Улогата на Судот не е да ја исправи секоја грешка во јавниот живот, рече таа во однапред објавена изјава

Денес почнаа конгресните сослушувања за потврдување на номинацијата за Врховниот суд Ејми Кони Барет.

Барет се очекува да им каже на сенаторите дека судовите „не треба да се обидуваат“ да создаваат правила, и оти тоа треба да го остават на американските претседатели и Конгресот.

Во однапред објавеното почетно излагање, Барет зборува за строга интерпретација на улогата на Судот, велејќи дека „не е дизајниран да го реши секој проблем или да ја исправи секоја грешка во нашиот јавен живот“.

Таа треба да помине низ четирдневно сослушување пред Сенатската комисија за правосудство оваа недела.

Сенатот, и покрај досегашната опозиција на демократите, се обидува да ја потврди нејзината номинација до крајот на октомври, пред изборите за претседател на САД на трети ноември.

Републиканците велат дека имаат гласови за потврда на Барет, и ако тоа се случи тоа би било најкус процес за потврдување досега, како и најблизу до датумот за претседателските избори.

Демократите се спротивставуваат на номинацијата на Барет поради неколку причини, меѓу кои иднината на Законот за здравствена заштита, позната како Обамакеар, кој претседателот Доналд Трамп сака да го укине.

Според нив, номинацијата за Врховниот суд би требало да ја направи новиот претседател, Трамп или Бајден, по инаугурацијата во јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG