Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД ќе одлучи за даноците на Трамп во наредните недели


Судиите расправаа дали Конгресот или локалните обвинители имаат моќ да водат истрага за претседател додека е на функција

Врховниот суд на САД расправаше за даночните пријави на претседателот Доналд Трамп, кој со години одбиваше да ги објави јавно.

Судиите расправаа дали Конгресот или локалните обвинители имаат моќ да водат истрага за претседател додека е на функција.

Судиите ги слушнаа аргументите за два случаи, поврзани со налози до Трамп издадени од три комисии на Претставничкиот дом да ги објави даноците, како и од главниот обвинител на Њујорк до фирмата за сметководство на Трамп и неговите банки.

Трамп, кој одбива јавно да го објави даноците, побара финансиските институции да не ги предаваат пријавите на истражителите, но, федералните судови во Њујорк и главниот град Вашингтон, не одлучија во негова корист, по што адвокатите на Трамп ги обжалија одлуките пред Врховниот суд.

Три комисии на Претставничкиот дом водат истрага за Трамп и неговите бизниси изминатива година. Тие велат дека овие информации им се потребни како дел од нивната работа.

Обвинителите во Њујорк, пак, водат истрага за тајни исплати кои ги направил личниот адвокат на Трамп кон две жени за време на изборите во 2016 година.

Одлуката за овие случаи се очекува да се донесе во наредните недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG