Линкови за пристапност

Гинсбург оперирана од рак на белите дробови


Врховниот суд нагласи дека докторите не пронашле канцерогени клетки во другите делови на телото на судијката

Судијката на Врховниот суд Рут Бејдер Гинсбург имаше итна операција при која и` беа отстранети два малигни тумора од белите дробови.

Гинсбург третпат се соочува со рак, откако стана судијка во Врховниот суд во 1993-та година.

Врховниот суд соопшти дека 85-годишната Гинсбург денес била оперирана во Њујорк, и оти ќе остане во болница неколку денови.

Судот нагласи дека докторите не пронашле канцерогени клетки во другите делови на телото, и додаде дека засега не е предвиден дополнителен третман.

Туморот и` бил откриен при тестовите што Гинсбург ги направила откако скрши ребра на почетокот на ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG